Bознемирувачко видео: Кучиња нападнаа човек во Тетово

Покрај полициските билтени, кои речиси нема ден да не објават информација за каснати граѓани од кучиња, и социјалните мрежи не запираат со објавување информации за напади од бездомни животни.

Граѓаните коментираат дека сакаат да имаат мирен живот, да не мораат да се плашат ако излезат надвор од своите домови.

Нападите од уличните кучиња станаа секојдневие на жителите од речиси секоја населба.

Податоците од Министерството за внатрешни работи покажуваат дека во однос на изминатата година, годинава заклучно со првите десет дена од овој месец има поголема бројка на каснати од куче скитник отколку лани за цела година.

Ужаcна случка е регистрирана на улиците на Тетово, кога огромен број подивени кучиња скитници напаѓаат човек.

Видеото, кое го објави ТВ21, покажува само како кучињата го обиколиле несреќниот човек и лаат околу него, а тој се обидува да се одбрани, а потоа на помош пристигна и друго лице.

Реакциите на граѓаните од Тетово се дека е потребно итно решавање на проблемот со кучињата скитници во нивниот град.

Впрочем како и во Скопје, Тетово, Гостивар, и во речиси сите македонски градови, за кои локалните власти никаде не успеаја да најдат солуција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде