Вонредна вест: Утрово земјотрес почувствуван во делови од Македонија
Земјотрес со послаб интензитет е почувствуван синоќа околу полноќ во регионот на Охрид и Струга.
Потресот со интензитет од 3,8 степени по Рихтер бил со епицентар во околината на Мала Преспа, непосредно до албанско-грчката граница.
Предизвикана е само помала вознемиреност кај населението во епицентралното подрачје и нема информации за причинети штети.