Вонредна вест: Вечерва голема полициска акција

Од попладнево во тек е голема полициска акција во Скопје, на улицата „Скупи“, во близина на тв Канал 5.

Според неофицијални извори, уапсени се повеќе членови на организирана криминална група, а запленета е и голема количина марихуана.

Информациите се дека се работи за над 100 килограми дрога.

Се делувало според претходни оперативни сознанија, а членовите кои завршија со лисици на рацете подолго време биле следени.

Од МВР официјално само потврдија дека во тек е полициска акција, а повеќе детали најавуваат по завршувањето, односно утре.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде