Вонредна вест: Страотна сообраќајна несреќа, две млади момчиња итно пренесени во болница

Вонредна вест: Страотна сообраќајна несреќа, две млади момчиња итно пренесени во болница

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.

Вчера вечерта две момчиња биле повредени откако доживеале сообраќајна незгода на превојот „Стража“, информираат од МВР.

„На 12.02.2023 во 22.55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, на превојот „Стража“,

патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.У.(22) од с.Поповјани, кичевско, излегло од коловозот и удрило во заштитна ограда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Д.Н.(19) од Кичево,

констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и Медицинскиот центар во Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево“, велат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде