Радиша Б., татко на убиецот од Младеновац, како што пренесуваат српските медиуми починал денеска од срцев удар.
Неговиот син во четвртокот вечерта на територијата на Смедерево и Младеновац со истрели од автоматско оружје убил 8 лица, а се обидел да убие уште вкупно 12 лица.
На денешниот распит во Вишото јавно обвинителство во Смедерево, тој признал дека пукал со автоматска пушка и пиштол во Мали Орашје и Дубона во група луѓе кои не ги познавал, за да го исплаши населението.