Вонредна вест: Голф излета од пат и падна во амбис, три лица итно пренесени во болница

Вонредна вест: Голф излета од пат и заврши во амбис, три лица итно пренесени во болница

Возило марка голф излета од патот и падна во амбис на патот кај Бродец, а кој води кон Танушевци при што, според информацијата што ЦУК ја доби од терен, има и повредени, објави МКД.

Три лица се повредени и се транспопртирани во болница, според природата на повредите, најверојатно во ‘8-ми Септември’.

Информацијата според која во возилото имало деца засега не е официјално потврдена.

Во тој регион, над Бродец, а кон селото Танушевци, има и пожар на отворен простор од помали размер.

Гори деградирана шума и сува трева во месноста ‘Стојанова Река’, што не претставува сериозна опасност, согласно временските прилики и доаѓањето на ноќта.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде