





„Во војната 2001 после 40 дена добивам два дена слободни, се враќам дома, ги гледам кафаните полни. Луѓе седат и тераат ко да е сѐ нормално“




Фејсбук статус на Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит.




Пред извесно време седев на маса со неколку ветерани од АРМ од 2001-ва. Еден од нив, раскажувајќи ми ги искуствата од периодот на војната,




ми кажа колку „чудно“ се чувствувал кога после 40 дена на фронт (во активни дејствија) добил слободни 2 дена да си ја види фамилијата и малото бебе.




Го оставило возилото во Аеродром, кај Бисер. Вели „јас слегувам од џип, со торбата во рака, да одам дома, да се истуширам ко човек, да ги видам жена ми и бебето… а ги гледам кафаните полни.




Луѓе седат и тераат ко се да е сѐ нормално.“ После 2 дена, се вратил на фронт, на кој „со врзани раце“ АРМ ја бранеше Македонија.




22 години подоцна, се додека Ѕвезде Гранда се 6 пати погледани од емисии во кои се бориме против туѓите пропаганди во специјална војна против Македонија, државата ќе ни биде Нордистан, Северленд или Северџанија.




Но ние, ќе се вратиме на фронтот. Бидејќи сме родени со пушката на рамо .




Да живее Македонија.



