Власта утрово со убава вест: Еве за колку се зголемуваат минималната плата и пензиите

СДСМ и во новата 2023 година продолжува со успешните економски мерки и политики, со постојана грижа за македонската економија и македонските граѓани.

Веќе во март месец, следува покачување на пензиите помеѓу шест и седум отсто за сите 330.000 пензионери.

Создадени се услови за ново зголемување на минималната плата за 10 отсто со што таа ќе изнесува безмалку 20.000 денари, што ќе придонесе за усогласување, односно раст на платите во сите сектори.

Во Буџетот за 2023 година, предвидени се 800 милиони евра за капитални инвестиции со што ќе се поттикне економскиот раст, кој според проценките на ЕБОР оваа година ќе биде околу 2,3 отсто.

Активно се работи на привлекување нови странски директни инвестиции кои отвораат нови добро платени работни места, со што се намалува стапката на невработеност.

Во новата 2023 година продолжува и поддршката за граѓаните за справување со последиците од кризата, за што во Буџетот се предвидени 250 милиони евра за нови антикризни мерки.

Минатата 2022 година беше година на предизвици и справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза.

Владата предводена од СДСМ со навремени, таргетирани и ефикасни го заштити стандардот на граѓаните и обезбеди поддршка за компаниите.

Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека СДСМ изгледа се уште е во празнична еуфорија. Од партијата на Мицкоски додаваат дека токму поради лошите политики на СДСМ, стандардот на граѓаните е на најниско можно ниво.

-Платите и пензиите ја изгубија трката со цените. Тоа што можело да се купи со илјада денари, денес не може да се купи со две илјади. Македонија се соочува со највисока инфлација во регионот и една од највисоките во Европа.

Во светот сме меѓу првите земји по раст на цените за храна. Тоа значи дека нашите граѓани најбрзо и најмногу осиромашуваат во споредба со другите-велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Што се однесува до странските инвестиции, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сме последни во регионот споредено со Албанија, Косово и Србија кои имаат 2 до 3 пати повеќе странски инвестиции.

И со домашната економија, Македонија според извештајот на Светска банка, 2022 ја завршила со слаб пораст на бруто домашниот производ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде