Власта се пофали: Имаме најниски цени на храна и гориво

Мерките дадоа резултат, трендот на намалување на инфлацијата продолжува и Северна Македонија има најниски цени на храна и нафтени деривати во регионот, се пофали министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

„Сите досегашни мерки, иако се административни и не баш популарни, дадоа сериозен ефект врз ублажување на економско-енергетската криза.

Ние не сме за носење вакви административни мерки, но нема да дозволиме товарот од целата криза да биде на потрошувачите“,рече Бектеши.

Бектеши рече дека последните податоци на Државниот завод за статистика за трошоците на живот и цените на мало во април ги потврдуваат заложбите на Владата и на Министерството за економија во делот на мерки за справување со инфлацијата, посебно кај цените на основните прехранбени производи.

„Мерките дадоа резултат. Северна Македонија е најевтина земја во регионот во делот на цените на прехранбените производи и нафтените деривати, таму каде што ние можеме да имаме влијание согласно различни мерки.

Во април инфлацијата е намалена за 13 отсто, а споредбено со октомври, кога почна ценовниот шок, намалувањето на инфлацијата е речиси седум отсто“,рече министерот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде