Викторија Лоба се пожали од парното во Скопје, Апасиев и го „плесна“

АД ЕСМ очекува да стигнат повеќе понуди за набавка на природен гас, меѓу кои треба да биде и понудата од компанијата „Пегео“ чии контакти ги достави опозицијата.

Како што соопшти генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, се побаруваат вкупно 225 милиони нормални метри кубни за период од шест месеци при што се номинирани месечни количини. Толку е потребно, напомена, ако работат ТЕ-ТО и топланите „Исто-Запад“ и „Скопје Север“.

Ковачевски смета дека ќе има прифатлива понуда, барем за топланите и дека веројатно од вторник наредната недела треба да се склучат договори. Ако тоа евентуално не се случи, алтернатива ќе биде дизелот.

Граѓаните на Скопје, порача директорот, воопшто не треба да се грижат зашто парно ќе има. Ако е неопходно, во краен случај, ќе се активираат и државните резерви.

Пејачката Викторија Лоба се пожали дека и е студено поради тоа што не работи парното, а притоа плаќа сметки од по 4500-5000 денари месечно, а на нејзината поплака реагираше лидерот на Левица Димитар Апасиев кој и го порача ова.

За снабдувањето со топлинска енергија во Скопје, реагираше и популарната пејачка Викторија Лоба.

Таа на социјалната мрежа „Твитер“, остро реагира за парно греењето во Скопје, велејќи дека секоја зима парно греењето во Центар е слабо. „Ова е срамота“, пишува Лоба.

Целиот твит на Викторија Лоба, во продолжение:

Од 4500 до 5000 денари плаќаме парно секој месец а парно нема!!?? Се грееме со клима дома, срамота е ова СРАМОТА!!!

Секоја зима е слабо парното во центар, додека оваа зима изгледа воопшно нема ни да има.

А ако не платиш сметка низ нос ќе ти ги извадат парите со тужби со се.

На ова пратеникот и лидер на Левица, Апасиев кратко и одговори:

Името нека ви ги плаќа сметките, кратко искоментира Апасиев.

Да потсетиме, Викторија Лоба беше една од уметниците кои ја поддржаа кампањата за референдумот за промена на името.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде