





ВИДЕО: Попладнево голем пожар изгоре кровна конструкција и тавански дел на куќа во штипската населба Сењак




ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА КРАЈОТ ОД ТЕКСТОТ.




Изгоре кровна конструкција и тавански дел на куќа во штипската населба Сењак, објави Мнет телевизија.




Штипските пожарникари се уште се на терен и го догаснуваат огнот. Заменик командирот на ТППЕ-Штип, Богданчо Зарков вели дека дојавата за пожарот била околу 15 часот.




Да моментално го догасуваме кровот, со тоа што нема човеќки жртви, но има материјална штета, којашто е малку поголема. Човечките ресурси се во ред, нема повредени, вели Зарков.




Брзата помош на лице место, бидејќи при гаснењето на пожарот се повредил пожарникар, но какошто вели Зарков пожарникарот е со полесни повреди.




Како настанал пожарот ќе се утврди по извршениот увид од страна на полицијата, која беше на лице место.




Штипските пожарники во рок од два дена интервенираа на два поголеми пожари, пред два дена имаа интервенција на штала во село Лакавица, а во опасност била и да се запали куќа.




Извор: Мнет телевизија