Видео: На Орбан „му се случи народ“

Околу десет илјади Унгарци, вклучително и наставници и студенти, денеска маршираа низ улиците на главниот град Будимпешта на протест против владата на премиерот Виктор Орбан,

барајќи повисоки плати за наставниците и конкретни мерки за инфлацијаа која ги намалува приходите, која ја нарекоа „незапирлива“.

Демонстрантите одеа по мостот над Дунав носејќи транспаренти со натписи: „Орбан, оди си!” и „Нема учители – нема иднина” неколку часа откако Орбан на обраќање по повод

националниот празник – Денот вети дека ќе ја зачува економската стабилност и ќе ја задржи границата на цените на енергијата во домаќинствата како што е Европската унија влегува во „економска криза”.

Ова е последниот во низата антивладини протести во Унгарија, на кои демонстрантите порачаа дека владата на Орбан ги оставила наставниците на цедило давајќи им мали плати,

додека инфлацијата, која надмина 20 отсто во септември и продолжува да расте, станува сѐ понеиздржлива.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде