Вчера вечер се случила тешка сообраќајна несреќа, три лица завршиле во болница

На 23.10.2022 во 23.10 часот на Магистрален пат А4 Струмица – Ново Село,

во близина на село Дабиље се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со италијанска национална ознака, управувано од В.А.(52)

од село Еднокуќево, струмичко, патничко возило „ауди а3“, управувано од М.М.(31) од Струмица и патничко возило „фиат типо”, управувано од М.К.(52) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки.

Во несреќата возачите В.А. и М.М. се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот М.К. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Слична содржина

Доцна синоќа тешка сообраќајна несреќа – пет лица завршија во болница

На 23.10.2022 во 00,15 часот било пријавено дека во с.Сарај, скопско, на крстосница од улиците „20“, „1“ и „2“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“,

управувано од Х.Н.(21) од Скопје и патничко возило „шевролет“, управувано од Б.К.(56) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата сопатничката од патничкото возило „шевролет“, С.С.(57) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот Х.Н. и неговите сопатници Х.Н., Е.З.(22) и М.И.(19), сите од Скопје,

се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде