





Важна информација за сите кои патуваат: На овој патен правец има одрони, бидете внимателни




АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:




СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.




ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.




ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.




Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.




На фејсбук страницата Делчево 365 е објавено дека на патниот правец кој води до границата со Бугарија има одрони.




„Добивме известување од возачи за појава на одрони над ресторан Воденица на патот кој води кон граничниот премин со Република Бугарија ,,Делчево/Станке Лисичково”.




Од ЈП ,,Македонија Пат” добивме известување дека нивни екипи се упатени на споменатата локација заради расчистување на истите!“, напишаа од Делчево 365.




Помали одрони се забележани и на патниот правец Делчево – Берово и Делчево – Кочани.



