Васко Ефтов му го „плесна“ на Трајко Славески: Па вие 30 години се утепавте од извинување

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески беше гостин во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов.

На прашање на Васко Ефтов за тоа какво возило вози Трајко Славески кој е моментален претседател на Советот во град Скопје, одговори дека дошол со пежо, но потоа призна дека во неговиот имотен лист навел и ауди а6 модел од 2019-та година.

– Возам ауди а6, моделот од 2019, купен во април 2019 година, рече Славески, на што Ефтов му порача дали тоа го купил со професорска плата,

на што Славески рече дека бил професор на економски факултет веќе 30 години, а неговата сопруга била регионален директор во Стопанска Банка АД Скопје.

– Јас не сум хипокрит. Јас не сум тој што кажува дека немам сопствен стан, немам свој автомобил, возам тико или слично, а си на крајот на работнот век.

Ќе кажам на македонските граѓани, јас мислам дека ние како семејство сме го оствариле македонскиот сон. Ако има американски сон, ние сме го оствариле македонскиот сон, рече Славески во емисијата “Во Центар” на Васко Ефтов.

Секако, во дел од емисијата се зборуваше и за односите со градоначалничката Данела Арсовска.

Славески рече дека се извинува на граѓаните што повикал да се гласа за Арсовска, по што Ефтов му го „плесна“.

„Нели ви се чини дека како партија премногу често се извинувате? 30 години вие за некој се извинувате.

За Трифун Костовски, за Борис Трајковски, Ристо Пенов не ви чинеше…За Сашо Мијалков и Груевски се извинувавте, па овои 30 години вие се отепавте од извинување.“, рече Ефтов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде