Ужасни вести утрово од Турција: Бројот на загинати вртоглаво расте

Најмалку 29.605 луѓе загинаа во двата разорни земјотреси што ги потресоа јужните региони на Турција во понеделникот,

соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), јави агенцијата Анадолија.

Според податоците на АФАД, повеќе од 233.000 луѓе се вклучени во акциите за претрага и спасување на теренот.

– Околу 148.000 луѓе досега се евакуирани од регионите погодени од земјотресите, соопшти АФАД.

Турскиот Парламент во четвртокот прогласи тримесечна вонредна состојба за да ги забрза напорите за помош и да го одржи јавниот ред.

Во овие земјотреси што силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија најмалку 4.574 лица, а над 5.200 се повредени.

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик,

и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Турција и северот на Сирија.

Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде