УЖАСНИ ВЕСТИ: Едно девојче убиено, а деветмина се повредени во напад со нож во сиропиталиште во Полска

Маж кој со нож влеze во дом за деца без родители во Полска, уби тинејџерка и повреди девет лица, соопшти денеска полицијата на градот Лоѓ.

Нападот се случи во вторникот вечерта, а полицијата го уапси напаѓачот и го истражува мотивот за нападот, изјави за државната телевизија портпаролката на полицијата Анета Собјерај.

„За жал, како резултат на нападот, 16-годишна тинејџерка почина на лице место, а пет лица се хоспитализирани“, рече Собјерај.

На останатите повредени им e укажана лекарска помош на лице место.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде