УЖАСНИ ВЕСТИ: Тројца ученици денеска повредени во напад со секира и нож во основно училиште во Казахстан

УЖАС: Тројца ученици денеска повредени во напад со секира и нож во основно училиште во Казахстан

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.

Тројца ученици се повредени денеска во основно училиште во Казахстан во напад со секира и нож, а напаѓачот – ученик е приведен, соопштија властите. 

Ученикот излегол од тоалетот со нож и секира, изјави службеник во Петропавловск, град со околу 200.000 жители во близина на руската граница, објави официјалната новинска агенција Казинформ.

Според тој извор, две деца повредени во главата и горниот дел од раката се пренесени во болница, а на третото дете му била укажана помош на лице место.

Повредените две момчиња и едно девојче се во свесна состојба.

Напаѓачот, кој според првичните информации бил под психијатриски надзор, е уапсен и отворена е истрага за обид за убиство, соопштија од регионалното обвинителство. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде