УЖАС: Камион удри во колона автомобили – 12 лица загинаа: Страотна сообраќајна несреќа ја потресе Турција
Дванаесет лица загинаа во сообраќајна несреќа во турската провинција Хатај,
кога камион налета на автомобили запрени во редица на бензинска пумпа, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
Несреќата се случила во градот Белен, а во него изгореле камион и два минибуса.
Коџа изјави дека се повредени 31 лице, од кои тројца во тешка состојба.