





ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПОСЛЕ РЕКЛМАТА




Уште една миcтериозна cмрт: Странец пронајден мpтов во стан во Скопје




На 12.02.2023 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ починал И.Д.К.(42) од




Сојузна Република Германија, со патна исправа на САД, а со престој во Скопје, информира МВР.




Според пријавеното, тој бил пронајден паднат во станот во кој живеел, по што бил пренесен во болницата, каде што починал.




Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.




Исто така, на 12.02.2023 во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ почи нал В.Н.(54) од Скопје, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.




-Според пријавеното, на В.Н. му се слошило во затворот, по што со нивно возило бил пренесен во медицинска установа, каде нешто подоцна лекар констатирал cмpт, информира МВР.




По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.



