





Уште еден силен земјотрес во Турција: Спасувачките екипи исплашени скокаа преку прозорите на зградите




Земјотресите од 6 февруари што ги погоди Турција и Сирија, предизвикувајќи над 38.000 загинати, веќе една недела е проследен со стотици последователни потреси.




Нов потрес беше регистриран и денеска во Турција, принудувајќи американски и француски тимови за пребарување и спасување да ја напуштат зградата во областа Антакија,




каде што се обидуваа да извлечат неколку луѓе за кои се верува дека се живи.




„Момент на паника меѓу американските и француските спасувачки тимови предизвикан од последователниот потрес




во населбата Антакија во Турција погодена од земјотресот“, напиша на Твитер Analody Agency.




ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ВИДИТЕ НА КРАЈОТ ОД ТЕКСТОТ.




Бројот на загинати во Турција и Сирија по катастрофалните земјотреси достигна најмалку 36.217 жртви.




Бројот на загинати во Турција достигна 31.643, соопшти денеска турскиот координативен центар за вонредни состојби САКОМ.




Потврдениот број на загинати во Сирија е 4.574. Тој број вклучува повеќе од 3.160 во деловите на северозападна Сирија кои се под контрола на бунтовниците, според Министерството за здравство на управната власт на Владата на спасот.
Според државната новинска агенција САНА, бројот на загинати во Сирија вклучува и 1.414 смртни случаи во делови на Сирија кои се под контрола на владата.




ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА