УКИМ ПАЃА, А САЛДАТА РАСТАТ

Додека Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, паѓа на светските ранг листи, а професорите се борат за поголема плата и подобри услови за работа, кандидатката за ректор, а сегашен проректор за финансии на УКИМ, Биљана Ангелова, не знае дали на сметката има денари или девизи и со леснотија изјавува дека пријавените пари во нејзиниот анкетен лист се во денари.

Зарем проректор за финансии не знае дека на девизна сметка може да има само девизи, а не денари. Евидентно е од анкетниот лист дека покрај другиот имот (куќи, станови, накит и др.) на две сметки Ангелова има 516.356 евра.

Покрај бројните комисии во коишто членува, таа додека ја врши функцијата проректор, истовремено е член на Надзорниот одбор на Халкбанка.

Според извештаите на банката https://www.halkbank.mk/godishni-izveshtai.nspx на седумчлениот Надзорен одбор му се исплаќаат околу 575.000 ден. месечно.


Истата кандидатка бара доверба од професорите да го води УКИМ во следните три години. На 30 мај оваа година, професорите ќе одлучат кому ќе му ја дадат довербата за ректор во наредниoт мандатен период. На огласот се пријавени шест кандидати.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде