УХМР објави детална временска прогноза: Од утре е најавена промена

Времето утрово ќе биде студено со слаба магла по одделни котлини, а во текот на денот претежно сончево и релативно топло.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и повремено засилен ветер од северен правец.

Кон крајот на денот од север облачностa ќе се зголемува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 25 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло, во делови од котлината со слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

Од утре до сабота ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието, што ќе предизвика дневната температура да биде пониска за неколку степени.

За време на викендот по котлините ќе има појава на магла. 

Во продолжение и временската најава на Славчо Поповски:

Продолжува ДОЛГИОТ период на стабилно, суво и сончево време со малку повеќе облачност за време на викендот кој доаѓа.

Наутро и тоа особено до среда ќе биде СТУДЕНО со минимални температури кој особено во Беровскиот регион ќе се спуштат за неколку степени под нулата. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Во четврток ќе биде и ветровито. Односно ќе дува умерен, а особено долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите за 3 до 4 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде