Убава вест за Скопјани. ЈП „Градски паркинг“ излезе со важно соопштение, еве за што се работи

За време на новогодишните празници јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање на 1 и 2 јануари 2023 година, односно нема да се врши наплата на истите.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање без вршење на наплата на 1 и 2 јануари 2023 година.

Додека пак, Кочо Рацин, Градска болница, клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време 00:00 – 24:00 часот и редовна наплата на истите.

 ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на сите граѓани на Република Македонија им ги честита новогодишните и божиќни празници

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде