Од денеска започнува исплатата на пензиите за примателите во Македонија. Исплатата ќе се врши на благајните на експозитурите на банките и на банкоматите.
Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите е креиран согласно висината на пензијата и тоа:
25 – ти април (вторник) 2023 година, пензии со висина до 11.000 денари
26 – ти април (среда) 2023 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
27 – ми април (четврток) 2023 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
28 – ми април (петок) 2023 година, пензии со висина над 18.001 денари.