





ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПОСЛЕ РЕКЛМАТА




Цените на нафтата паднаа денес на меѓународните пазари под 80 долари бидејќи вниманието на трговците го привлекоа прогнозите за успорување на глобалната економија и ширењето на ковид-19 во Кина, кои би можеле да ѝ наштетат на побарувачката.




На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше пониска за 2,39 долари отколку на вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 79,71 долар.




На американскиот пазар со барелот денес се тргуваше по 2,2 долари пониска цена, од 74,73 долари.




Трговците вчера ги вознемирија податоците кои сугерираат послаба побарувачка во Кина и предупредувањето од шефицата на




Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева дека новата година би можела да биде потешка од минатата поради истовременото успорување на активностите во САД, Кина и Европа.




Кинеската влада ги зголеми извозните квоти за дериватите на почетокот на циклусот во оваа година, што е протолкувано како навестување дека очекува послаба домашна побарувачка во услови на повторно нагло ширење на ковид-19.




На пазарот стравуваат и за побарувачката во САД, откако централната банка во декември повторно ги крена каматните стапки, за половина процент, за да ја смири инфлацијата. Минатата година Фед ги крена каматите за 3,5 процентни бодови.




„Состојбата во глобалната економија ги истисна сите други грижи и ќе доминира во догледна иднина“, смета Стивен Бренок од ПВМ оил.




Намалувањето на побарувачката ќе се одрази и на американските резерви, сметаат економистите во анкета на Ројтерс, прогнозирајќи дека извештаите ќе покажа раст на резервите во минатата недела за 2,2 милиони барели.



