УБАВА ВЕСТ: Народниот правобранител ќе достави иницијатива до Владата – „Извршителите да не можат повеќе да наплаќаат казнени камати неограничено“

Извршителите да не можат повеќе да наплаќаат казнени камати неограничено,

односно кога казнената камата ќе ја достигне висината на главиот долг, истата да престане да тече- оваа иницијатива ќе ја достави Народниот правобранител до Владата.

Вели должниците со децении не може да си ги подмират долговите бидејќи каматата постојано расте, а извршителите им наплаќаат десеткратно повисоки суми.

Ограничените камати ќе важат за долговите за струја, топлинска енергија, вода, телефон..

Пред две години беа направени измени во Законот за извршување, со што се воведе ограничување на наплатата од извршител, односно од 1/3 на 1/5 од платата или пензијата,

но сепак немаше промени во казнената камата која повеќекратно ја надминува висината на долгот.

Според Народниот правобранител ова не е доволно, бидејќи должниците никогаш нема да може да ги подмират долговите,

ако казнената камата постојано расте-затоа истата треба да се ограничи кога ќе ја достигне висината на долгот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде