Тројца наcилници нападнале маж и жена поради паркинг место

36-годишна жителка на Тетово вчера пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле нападнати во препирка околу паркинг-место во градот, соопшти МВР.

Според СВР Тетово, жената ги пријавила случајот вчеравечер околу 21 часот и 15 минути, а инцидентот се случил на улицата „Андреја Ристовски“, во близина на т.н. Стара градинка.

Таа во полицијата раскажала дека заедно со 40-годишниот сопруг биле физички нападнати од тројца наcилници,

поради недоразбирања околу паркирање на нивното возило. Од СВР Тетово велат дека случајот се документира и се расчистува.

Слична содржина

Драма на паркинг: Вработениот пpетепан од три лица

41-годишен скопјанец физички бил нападнат од три лица. 

На 17.10.2022 во 11.00 часот во Полициската станица Центар, Е.Б.(41) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот на паркинг на подрачје на Центар, Скопје,

додека извршувал работни задачи како вработен во Градски паркинг, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.С.(47), А.Г.(34) и А.Г.(27), сите од Скопје, соопшти полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде