





Огромна трагедија во мак – фудбалот. На само 21 година, во трагична несреќа, животот го загуби фудбалерот на Новаци, Стефан Петровски – Паше.




Шок за семејството и пријателите на популарниот Паше, но шок и за фудбалска Македонија ако се знае дека се загуби еден исклучително талентиран фудбалер.




Петровски, кој настапуваше и за Пелистер, беше цел изминатиов период и на неколку домашни прволигаши,




а беше скаутиран и од ФК Академија Пандев. Се одлучи да остане во Новаци иако е јасно дека пред него беше извесна далеку побогата кариера.




Оваа тажна вест попладнево се прошири низ социјалните мрежи, а неговите пријатели, роднини и сите што го познаваа Паше,




едноставно не можат да поверуваат во суровата вистина дека Паше веќе не е со нас.




За ова се огласија и од ФК Песлитер, кои напишаа:




Изразуваме големо жалење и сочуство за фамилијата за прерано згаснатиот живот на фудбалерот Стефан Петровски




кој настапуваше за ФК Новаци а имаше настапувано за АК Пандев и ФК Пелистер.
