Трагедија ја потресе Македонија: Младо момче пронајдено мртво во стан

Млад жител на Скопје вчера бил пронајден мртов во стан во близина на градскиот стадион и паркот на Франкофонијата, соопшти МВР.

„На 01.05.2023 во 14.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ починал С.С.(33) од Скопје, информира МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство“, велат од полицијата.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде