TPAГЕДИЈА: Cмртта на босанската 33-годишна спортистка го потресе регионот – полицијата го пронашла нејзиното 6езживотно тело

Страшни вести пристигнуваат од Босна и Херцеговина. Денес поч ина тамошната најуспешна триатлонка, 33-годишната Неира Одобашиќ.

Оваа сараевка направи голем подвиг и ја претстави Босна и Херцеговина во најдобро светло. Таа успеа да го заврши најекстремниот триатлон во светот, познат како Norseman, кој се одржува во Норвешка.

Нејзиното 6езживотно тело полицијата го пронашла околу еден часот по полноќ.

Истрагата е во тек, причината за cмpтта се’ уште не е позната, но полицијата се сомнева дека извршила самоу6иство.

Таа беше единствената жена од регионот која се натпреваруваше во тој триатлон, а како една од 160-те најдобри натпреварувачки на Norseman доби „црна кошула“.

Пред само три дена реномираната спортистка гостуваше во една ТВ-емисија.

Во август оваа година, таа зборуваше за N1 за нејзиниот успех, кој поттикна многу девојки да тргнат по нејзините стапки.

Неира беше една од најдобрите триатлонки во регионот. Станува збор за дисциплина во која спортистите се натпреваруваат во пливање, трчање и во возење велосипед.

Од полицијата за порталот „Кликс.ба“ потврдија дека во ноќта меѓу неделата и понеделникот по повик пронашле безживотно тело.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде