Тешка сообраќајна несреќа – седум лица пренесени во болница

Во судир на две возила синоќа  во 19.45 часот на патот Штип-Велес со тешки телесни повреди во штипската болница е пренесен возачот на едно од возилото, а со повреди завршиле уште шест лица.

-Било пријавено дека кај населба Три Чешми се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фиат стило“ со светиниколски регистарски ознаки,

управувано од С.С.(53) од с.Ерџелија-Свети Николе, и патничко моторно возило “форд“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.З.(63) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.З. а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото “фиат стило“ Б.Ј.(45), Б.С.(37), Д.С.(40) сите од Свети Николе,

како и сопатниците од другото возило В.П.(60), С.Д.(18) и А.Р.(43) сите од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип, соопшти СВР Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде