





Тешка сообраќајна несреќа меѓу мерцедес и голф, две лица итно пренесени во болница




ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.




На 03.01.2023 во 16.00 во ОВР Македонски Брод било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево, кај место викано ,,Ветарник“,




се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управуван од М.М.(73) од с.Лисичани, Општина Пласница и




автомобил „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Е.Ј.(47) од с.Зајас, кичевско, информира МВР.




Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, А.А.(47) од с.Зајас,




додека возачот Е.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.




Увид извршила увидната екипа на ОВР Македонски Брод.



