Тешка сообраќајна несреќа, има повредени

Тешка сообраќајна несреќа, има повредени

Вчера, во 16.45 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат с. Маврово – Ниќифорово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“, со гевгелиски регистарски ознаки,

управуван од З. А. (43) од Тетово, и патничко возило „фолксваген венто“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф. С. (55) од с. Голема Речица, Тетовско.

„Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот, а четворица сопатници од патничкото возило добиле телесни повреди констатирани во Општата болница Гостивар“, велат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на ОВР Гостивар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде