Тешка сообраќајна несреќа, две лица итно пренесени во болница

20-годишник со „ауди“ излета од пат. 

-На 10.05.2023 во 18.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Арбиново и с.Сливово,

патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(20) од с.Франгово, струшко, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Д.(54) од с.Франгово, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, соопшти полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде