Тажна вест вечерва ја потресе Македонија: Почина познатиот писател

Тажна вест вечерва ја потресе Македонија: Почина познатиот писател и професор

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.

Денес почина македонскиот писател, професор Владимир Костов, објави babambitola.mk.

Костов работел како професор на Педагошката академија при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола од нејзиното основање па сè до своето пензионирање, бил еден од основачите како и главен уредник на списанието „Развиток“.

Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои во два наврати наградата на градот Битола „4 Ноември“, и награда за животно дело, како и на републичките награди „11 Октомври“, „1 Мај“, наградата „Рациново признание“;

наградата на Друштвото на писателите на Македонија „Ванчо Николески“; „Гоцева повелба“ за литературна дејност; наградите на Сојузот на здруженијата на наставниците по македонски јазик и литература и „Феникс“.

За литературна дејност одликуван е со орден „Заслуги за народ со златен венец“.

Тој е еден од најпознатите и најчитани писатели чиј роман „Свадбата на Мара“ (1968) како театарска претстава (1977) во изведба на Народниот Театрар Битола

беше изведувана скоро на сите театарски сцени низ поранечна Југославија, како во Сараево, Стериино Позорје во Нови Сад, Дубровнички летни игри и др.

Други познати дела се „Грешниот Захарија“ изведувана на сцена во 1986, Црквичето Четириесет маченици (2001).

Останати попознати романи се: Битолски триод, Сениште во град Битола, Тане, Дива мисла.

Во 1977 година станува член на Друштвото за наука и уметност во Битола, во 1983 година член на Друштвото на писателите на Македонија, a од 1988 година член е и на Асоцијацијата на независните писатели на Македонија.

Неговите посмртни остатоци ќе бидат изложени утре, 4 Јануари 2023 од 10 часот а погребот во 12 часот на гробиштата „Св. Недела“.

Извор: Бабам Битола

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде