Тажна вест предмалку ја погоди Македонија: Економскиот Институт изгуби голем професионалец, почина професорката Марија Таковска

Почина проф.-д-р Марија Таковска (1973-2022), редовен професор на Економскиот Институт – Скопје, кој е дел од УКИМ.

Економскиот институт изгуби професионалец во сферата на образованието и науката, кој ќе биде долго запаметен од колегите, соработниците, студентите и сите оние со кои градеше успешен однос на соработка.

Заминувањето на проф.-д-р Марија Таковска претставува голема загуба за сите нас. Нејзиниот ведар дух, хумор и харизматичност ќе останат вечно во нашето сеќавање.

Посмртните останки на проф. д-р Марија Таковска ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Горно Лисиче на 18.10.2022 година (вторник) од 11:30 до 12:30 часот, соопштуваат од Економски институт – Скопје, УКИМ.

Слична содржина

Тажна вест: Почина легендарниот актер од филмот „Хари Потер“

Шкотскиот актер Роби Колтрејн, кој го глуми Рубеус Хагрид почина на 72-годишна возраст, објави „Би-Би-Си“.

Колтрејн заработи милиони со познатата улога и ги освои срцата на фановите ширум светот, но неговиот живот не беше сличен како на останатите ѕвезди.

Колтрејн заработи милиони со познатата улога и ги освои срцата на фановите ширум светот, но неговиот живот не беше сличен како на останатите ѕвезди.,

„Роби веројатно ќе биде најдобро запаметен во следните децении како Хагрид… улога што им донесе радост на децата и на возрасните, а за Хагрид тој добиваше куп пораки од обожавателите секоја недела повеќе од 20 години“, рече неговиот агент.

Ѕвездата од „Хари Потер“, „Џејмс Бонд“ и „Крекер“ почина во болница во близина на неговиот дом во Ларберт, Шкотска.

Тој уживаше огромна популарност откако го играше џиновскиот волшебник, стекнувајќи светска слава и признание за неговото трогателно пријателство со Хари Потер, додека лошиот Волдерморт го игра Даниел Редклиф.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде