





Тажна вест: Почина битолчанката на која за долг од 5000 евра и беше земена куќата




ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.




Tulaj Nuredinova Mustafa прекрасната граѓанка од Битола, на која за долг од 5000 евра и беше земена куќата денеска не напушти прерано, замина во вечноста, објави Ана Глигорова на својот фејсбук профил.




Ми зборуваше дека извршителот дури и алиштата и ги земал, не спиеше со години со голем терет во душата.




Пријавуваше кај Народниот Правобранител, во ОЈО, беше константно присутна на сите наши протести, беше и на разговор во министерството со надлежните.




Бараше правда, беше борец, невидено храбра, стана бездомник, но остана со достоинството како сјајна ѕвезда. Светол да ти е патот Тулај.




Ние ќе продолжиме да се бориме без здив, за правда, стои во објавата на Глигорова на Фејсбук.



