Тажна вест: Македонија се прости од еден од најпознатите сниматели и фотографи, долги години беше во А1 телевизија – почина Лука Саша

Почина фотографот и снимател Лука Суша (1950-2022). Тој е роден во Скопје, каде го минува најголемиот дел од својот живот.

Неговите фотографии во минатото можеа да се најдат на страниците на бројни дневни и неделни изданија на поранешната држава, како „Политика“, „Борба“, „Базар“, а долги години беше и снимател во А1 телевизија.

Во 2017 година, Суша од Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија ја доби традиционалната награда „Љубе Цветановски“ заедно со Зоран Костески .

Слична содржина

Поминавме многу моменти заедно. Денови кога бевме сами или со уште неколкумина во малата канцеларија…: Љупчо Николовски се прости од својот голем пријател

Oд партијата на СДСМ денес се простуваат со Предраг Стојановски:

Нашиот драг пријател, другар и соборец, Предраг Стојановски, денес отпатува во вечноста.

Педо беше посветен сопруг и татко, голем спортист, вљубеник во културата и староградската песна, праведен и посветен социјалдемократ, синоним за СДСМ во Крива Паланка.

Заедно водевме многу битки. Победувавме и се радувавме, губевме и тагувавме.

За жал, денес Педо ја загуби последната, најважна битка.

СДСМ упатува најдлабоко сочувство до неговото семејство. Почивај во мир, другар Педо“, објавија од партијата.

Поминавме многу моменти заедно. Денови кога бевме сами или со уште неколкумина во малата секретарска канцеларија или во некое село.

Беше ладно и време на страв кога тргнавме од нула за да ги менуваме работите и да ја враќаме довербата и градиме структура.

Одевме од село во село и ме запознаваше со сите што би можеле да ни се приклучат на нашата нова идеја и концепт. Успеавме да направиме организација и тим што е пример за другарство, грижа за секој, добри дела и голема љубов и локален патриотизам за развој и напредок како никогаш.

Педо работеше и живееше за оваа идеја со неговото што денес за жал застана засекогаш. Сите ние ќе го паметиме и ќе се навраќаме на моментите. Нека почива во спокој, нека му е светол патот и вечна славата!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде