





ТАЖНА ВЕСТ: Имаше само 30 години, почина Андреј Корунов од Битола, борец за правата на Бугарите во Македонија




Во 30 тата година од животот почина младиот Андреј Корунов, борец за правата на Бугарите во Македонија.




Пријателите и роднините на социјалните мрежи се простуваат од младиот Андреј.




„Една загуба како да не беше доволно, денес уште една преголема загуба и празнина која ќе никогаш нема да биде пополнета, замина уште еден искрен и непоколеблив борец на делото, Андреј.




Си замина најсилниот борец кој никогаш не се предаваше, замина оној кој најсилно и најискрено веруваше во делото,




тој кој покрај сите тешкотии никогаш не се предаваше и најсилно го промовираше меѓу сите нас, еден од оние кои почнаа се,




еден од оние кој е најзаслужен за тоа што толку луѓе ја осознаа вистината, меѓу кои еден од нив сум и јас самиот.




Секој збор што ќе се напише е малку, нема да биде доволен да те опише колку доследно ги следеше своите идеали, нашето дело, нашата борба, ти кој најмногу се жртвуваше и никогаш не се жалеше самиот себе, се е малку што ќе се напише.




Лесна ти земја, споменот твој ќе живее вечно со нас !, стои во објавата на Контрачетникот.




Бог да го прости нашиот брат и съратник Андрей от Битоля !, објавија и од бугарскиот клуб во Охрид.



