





Новинарот, писател и издавач Душан Величковиќ почина во Белград на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство.




ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПОСЛЕ РЕКЛАМАТА.




Во својата богата новинарска кариера, Величковиќ, меѓу другото, беше и главен уредник на неделниците НИН и Европа, основач на списанието „Александрија“ и соработник на најугледните светски списанија и весници.




Автор е на книгите „Слики на сомнеж“, „Амор мунди“, „Интернационала“, „Ѓинѓиќ – лицето на младоста“, „Србија хардкор“, „Бела, чао“,




„Балкански пин-ап“ и „ Сите лица на светот“, и филмовите „Ленин во движење“, „Смртници, бесмртни злосторства“ и „Ѓинѓиќ, една животна приказна“.




Неговите дела се преведени на повеќе јазици, а расказите од книгите „Amor mundi“ и „Internacionala“ се објавени во италијанската антологија на современата српска проза „Casablanca serba“.




Бил член на српскиот ПЕН центар и член на редакцијата на американското списание за европска литература Абсинт.




Добитник е на Меѓународната награда за слобода и новинарство во Неапол во 2009 година.




