Тажна вест го потресе фудбалскиот свет: На 32-годишна возраст почина поранешниот репрезентативец на Јапонија, Кудо

Уште една голема трагедија го потресе фудбалскиот свет.

Тажната вест доаѓа од Јапонија. Поранешниот јапонски фудбалски репрезентативец Масато Кудо, почина на 32-годишна возраст, после операцијата на мозокот, објави неговиот клуб Тегевахаро Михазаки.

На Кудо му бил дијагностициран хидроцефалус и е хоспитализиран на 3 октомври.

Вчера бил подложен на операција на мозокот, а почина поради компликации после хируршкиот зафат.

Во дел од својата кариера важеше за еден од најдобрите стрелци во шампионатот во Јапонија, а имаше и четири настапи за својата репрезентација со два постигнати голови.

Кудо во својата кариера играше за Кашива, Ванкувер, Санфрес Хирошима, Бизбејн Роар и од 2022 година е дел од Тегевахаро Михазаки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде