ТАЖНА ВЕСТ ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Почина професорот по македонски јазик и автор на две книги, Милош Смиљаноски

ТАЖНА ВЕСТ ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Почина професорот по македонски јазик и автор на две книги, Милош Смиљаноски

На 80 годишна возраст во Гостивар почина Милош Смиљаноски, професор по македонски јазик и автор на две книги раскази со наслов „Гостијарци за незаборав“, објави Гостивар прес.

Смиљаноски просветната кариера ја започнал во ОУ „Моша Пијаде“ (денешно „Исмаил Ќемали“), ја продолжил во ОУ „Гоце Делчев“,

а потоа станал регионален советник по македонски јазик во Министерството за образование.

Првата збирка раскази „Гостијарци за незаборав“ ја издаде во 2014-та година, додека вториот дел, минатата 2021-ва година.

Низ книгите се раскажуваат вистинити приказни за животни стории на гостиварци од различни професии, националности и историско доба на градот.

Извор: gostivarpress.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде