ТАТКО МОНСТРУМ ЈА УДАВИ ЌЕРКАТА (3) ЗА ДА СЕ ОДМАЗДИ НА МАЈКАТА: Злосторството во Вршац кое го шокираше регионот

Најстрашното злосторство годинава во Србија се случи во октомври кога Марко Б.(35) ја удави својата ќерка Петра Б.(3) во кофа со вода, а потоа се самоyби во Вршац!

Како што тогаш пишуваше Курир, монструмот го извршил делото на 4 октомври во изнајмен стан,

само седум дена откако бил осуден за семејно насилство, а се сомнева дека сето тоа го направил за да и се одмазди на сопругата Сузана.

Кобниот ден Марко Б. го земал слободниот ден и сакал да го помине со Петра, всушност прв пат го видел детето само, а за жал и последен.

Сузана била против, бидејќи мислела дека е опасен, и за неа и за детето. Никој не ги слушна нејзините црни претчувства и плач, а тој ден претчувствуваше дека ќе се случи нешто страшно – се присетува извор од истрагата и додава:

-Малата Петра на денот на убиството неколку пати и се јавила на мајка си на видео повик и и рекла: „Мамо, дојди, дојди кај нас, многу ни е убаво овде“. Се испостави дека го терал детето да го каже тоа за да ја намами Сузана.

Набргу потоа монструмот ја у6ил ќерката, а за тоа и кажал на жената.

Сузана чувствуваше дека не треба да оди, бидејќи се плашеше од нејзиниот сопруг, кој со години ја малтретирал, тепал и за малку ќе ја у6иел со ќотек.

По повикот, кој таа го одбила, откачениот Марко Б. земал пластичен сад и го удавил своето дете, а потоа и се јавил на сопругата и и кажал што направил – вели соговорникот, додавајќи дека у6иецот потоа се обесил.

Целиот случај предизвика голем интерес во јавноста, па на улиците на Вршац имаше протести на незадоволни граѓани кои бараа да се утврдат сите неправилности во работата на институциите, пред се Центарот за социјална работа, што доведе до ова страшно злоcторство.

Инаку, Марко Б. бил психијатриски пациент кој имал две сериозни дијагнози, кои тогаш експертите ги објаснувале како многу сериозен проблем на личноста.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде