





На 16.10.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Чаир, Г.М.(42) од Скопје пријавил дека на планината над с.Љубанци, скопско, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, на кој сопатник бил неговиот малолетен син, се превртеле и паднале.




По несреќата, двајцата биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на малолетникот му биле констатирани телесни повpеди,




а на Г.М. му биле констатирани тешки телесни повpеди. Полициски службеници излегле на местото на настанот.




Слична содржина
Шест лица повpeдени во тешка сообраќајна несреќа меѓу два мотоцикли и автомобил на магистралниот пат Охрид – Ресен




Шестмина повредени во сообраќајна несреќа меѓу два мотоцикли и еден автомобил на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај превојот „Буково“.




Несреќата се случила вчера, а едниот мотоцикл „сузуки“, го управувал Д.Ѓ.(20) од Охрид, другиот мотоцикл „сузуки“,




го управувал Д.А.(21) од Охрид, и автомобилот „поло“, со битолски регистарски ознаки, го управувал С.П.(59) од с.Бистрица, битолско.




Во несреќата, двајцата мотоциклисти се здобиле со тешки телесни повреди, додека Е.К.(19) од Охрид, сопатник на едниот мотоцикл, возачот на возилото „поло“ и сопатничките Л.Р.(49) и Т.П.(55),




двете од Битола, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Изврше е увид на местото на несреќата.



