





Граѓаните на Крагуевац денеска се собраа да запалат свеќи за трагично настраданата Николина Јанковиќ, тринаесетгодишно девојче од тој град,




кое почина од повредите здобиени во сообраќајна незгода и во таа прилика побараа од надлежните итно да го изведат сторителот пред лицето на правдата.




Мајката на Николина дојде на местото на несреќата и запалила свеќа заедно со другарките и нивните родители.




Од името на родителите на Николина се огласи Маја Јовиќ, која упати порака до надлежните возачот на автомобилот кој е во бегство веднаш да биде приведен и осуден.




„Се собравме овде пред се да запалиме свеќи за Николина, да ја испратиме на вечното патување и уште еднаш да апелираме ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори“, изјави Јовиќ за Танјуг.




Таа посочи дека бараат од надлежните да го изведат возачот пред лицето на правдата, бидејќи тој по 48 часа притвор е пуштен да се брани од слобода и додаде дека родителите на Николина ќе поднесат пријава против него.




„Тие се многу револтирани како и сите нас затоа што оваа агонија трае скоро еден месец, додека детето беше во тешка состојба, а овој човек се уште е на слобода.




Сакаме само правда и свесност. Возачите да се разбудат за никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија“, рече Јовиќ.




Да потсетиме, во Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац вчера почина девојка (13) од Крагуевац, во која на 7 декември удри автомобил додека ја минуваше улицата, а утре ќе биде погребана на гробиштата Бозман.



