Светот во шок: Имаше само 32 години – почина познатата спортистка

Поранешната светска шампионка на 100 метри Тори Боуви почина на 32-годишна возраст, објавија нејзините менаџери.

„Ние сме уништени што ја споделуваме многу тажната вест дека Тори Боуви почина“, објави Icon Management на Твитер.

„Изгубивме клиент, драг пријател, ќерка и сестра. Тори беше шампионка…светилник што блескаше толку силно! Навистина сме со скршено срце и нашите молитви се со семејството и пријателите“.

Боуви освои три олимписки медали во 2016 година во Рио, злато во штафетата 4х100 метри, сребро на 100 метри зад Елејн Томпсон-Хера од Јамајка и бронза на 200 метри.

Таа потоа стана светска шампионка на 100 метри во 2017 година во Лондон, каде што победи и во штафетата 4х100 метри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде