Во гостиварската полиција вчера во 16.45 часот е пријавено дека на регионалниот пат помеѓу селата Маврово и Никифорово се случила сообраќајна несреќа помеѓу
мотоцикл „БМВ“ управуван од З.А.(43) од Тетово и возило „фолксваген венто“ управувано од Ф.С.(55) од село Голема Речица, тетовско.
Во несреќата со тешки повреди се здобил моторциклистот, а четворица сопатници од патничкото возило се здобиле со полесни повреди констатирани во Општата болница во Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.