25-годишник од Карбинци загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип-Плачковица.
Според портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова несреќата се случила помеѓу штипските села Таринци и Нов Караорман.
Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „Ауди А5“ со штипски регистарски таблици управувано од 25-годишниот К.Т.
од село Карбинци и патничко возило „Хјундаи Аксент” со штипски регистарски таблици управувано од 43-годишниот Д.М. од Стар Караорман.
Во несреќата, според информациите на надлежните, на самото место починал К.Т. , а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош,
додека Д.М. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничката болница – Штип.
Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа на СВР – Штип и јавен обвинител.