Стојанче Ангелов распали на јавна сцена: Крајно сум разочаран и револтиран од пратениците на СДСМ

Фејсбук статус на Стојанче Ангелов:

ГОЛГОТАТА НА ТРИЕСЕТИНА ВОЕНИ ИНВАЛИДИ И ПЕТНАЕСЕТИНА СЕМЕЈСТВА НА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ОД 2001-ТА ПРОДОЛЖУВА ПОНАТАМУ

На денешната собраниска седница владеачкото мнозинство се изјасни против потребата од носење на Закон за измена и дополнување на Законот за бранителите со кој требаше да се надмине горливиот проблем со кој се соочуваат триесетина воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители кои до ден дене останаа необесштетени од страна на државата.

Иако во глава сеуште ми одѕвонуваат зборовите на унесреќените родители кои ги изгубија своите синови во одбрана на татковината: “Нам не ни требаат пари, вратете ни ги нашите синови“, сепак државата е должна на овие семејства како и на сеуште необесштетените воени инвалиди да им исплати праведен надомест на нематеријална штета.

Крајно сум разочаран и револтиран од пратениците на СДСМ кои не дадоа поддршка на овој предлог закон.

Голема благодарност до пратениците на ВМРО ДПМНЕ и Левица како и до пратениците Љупчо Балкоски од ВМРО НП, Павле Трајанов од ДС и Илија Николовски од Партија на пензионерите кои гласаа ЗА овој Закон.

Од страна на Достоинство во декември минатата година до Владата е поднесена иницијатива за носење на одлука за надминување на оваа неправда но за жал до денес сеуште немаме одговор.

Борбата за правата на овие луѓе ќе ја продолжиме понатаму, до изнаоѓање на конечно решение.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде